Артета признава дека имаат проблеми со повредите: Дали ќе се засилуваме? Еднаш реков..

Микел Артета смета дека неговиот тим не игра според очекувањата пред противничкиот гол, а причина за тоа им биле повредите.

Но и покрај сите тие проблеми со повредите, тој не размислува да го засилува тимот во офанзивата оваа зима.

Постојат разни причини за постигнување на голови, а ние ги постигнуваме, но треба да постигнуваме уште повеќе од ова што го правиме. Имаме проблеми со повредите, но нема да се засилуваме оваа зима“.

„Воопшто не размислуваме за тоа, иако се шпекулира дека ќе носиме нови офанзивни играчи. Точно е дека имаме проблеми со повредите, но ќе продолжиме по зацртаниот пат кој го имаме пред себе“, порача Микел Артета.

Артета пред извесен период беше заинтересиран за Аиван Тони, фудбалерот на Брентфорд, кој според него е гол-играч и би било убаво да го имаат во тимот.