Арсенал тргна кон Баку – Илиев максимално позитивен пред финалето

Македонскиот интернационалец Дејан Илиев ќе биде дел од составот на Арсенал за финалето во Лига Европа во Баку против Челси за неколку дена.

Проблем е што веројатно добар дел од стадионот нема да биде пополнет со навивачи на двете навивачки групи, пред се поради високите цени и далечината од Англија.

Но Арсенал се подготвува за финале, кое ќе биде сигурно големо искуство и за нашиот надежен голман.