Лондонските „топчии“ ја постигнаа најдобрата позиција сезонава по заминувањето на легендарниот менаџер Арсен Венгер, но островските медиуми пишуваат дека клубот сепак планира да се ослободи од голем број играчи.
Од „Фудбал Лондон“ наведуваат дека подготвуваат голема чистка во Арсенал и дека покрај некои очекувани имиња има и изненадувачки имиња.
Според истиот извор, на списокот има дури 14 фудбалери.
Гранит Џака, Томас Парти, Емил Смит-Роу, Роб Холдинг, Киран Тирни, Рис Нелсон, Никола Пепе, Ејнсли Мејтланд-Најлс, Нуно Таварес, Чарли Патино, Седрик Соарес, Фоларин Балогун, Пабло Мари Алберт Самби Локонга наводно бараат нови клубови
Арсенал имаше одлична сезона, водеше во поголемиот дел од лигата, но на крајот попушти и заврши на второто место зад новиот/стариот шампион Манчестер Сити. Освои 81 бод од 37 натпревари, а во недела во последното коло ја пречекува екипата на Вулверхемптон.