Арсенал му врати на Ливерпул за поразот во Премиер лигата со елиминација во Купот по пенали

Вечерва со натпревари Ливерпул – Арсенал беше комплетирано осминафиналето од Англискиот лига куп.

Во оваа рунда на натпреварувања, имаше неколку натпревари кои беа реприза на првенствените дуели во Премиер лигата минатиот викенд, вклучувајќи го и дуелот помеѓу Ливерпул и Арсенал.

Во понеделникот, тимот на Јирген Клоп ги победи „топџиите“ со 3-1,но тие возвратија вечерва и славеа по изведувањето на пенали.

Двете екипи настапија во комбиниран состав. Во Лига купот на Англија, вообичаено, не се игра продолжение, па по одиграните 90, започна пенал-рулетот, на крајот гостите беа посреќни и повешти, па славеа со 4-5.

Во пенал рулетот, Ориги и младиот Вилсон беа непрецизни за „црвените“, додека само Елнени беше непрецизен за „топџиите“, што беше доволно за тимот на Микел Артета да се пласира во четвртфиналето на ова натпреварување.

Интересно, Арсенал беше подобар од Ливерпул и во финалето на Комјунити Шилд оваа сезона исто така по пенали.