Арсенал го краде на Тотенхем планираното засилување од Реал Мадрид

Еден од фудбалерите кој не е во плановите на Зинедин Зидан за новата сезона во Реал Мадрид е Дани Себајос. Младиот Шпанец според најавите кариерата ќе ја продолжи во англиската Премиер лига.

Како што се наведуваСебалјос е близу до премин во премиерлигашот Арсенал иако за него интерес прв пројави Тотенхем.

Стратегот на „топчиите“ Унаи Емери е голем фан на играта на младиот фудбалер и успеал да го убеди Себалјос да пристигне во Арсенал наместо во градскиот ривал Тотенхем.

Себајос во Лондон би дошол на едногодишна позајмица, а фудбалерот во моментов е на одмор по освојувањето на трофејот на Европското првенство до 21 година на кое беше избран за најкорисен фудбалер.