Арсенал бара одложување на натпреварот со Тотенхем

Арсенал побара од челниците на Премиер лигата да го одложат дуелот против Тотенхем кој е закажан за в недела.

Причина за ова е што „топџиите“ се погодени од големиот број позитивни играчи на коронавирусот, неколкуте повреди, како и отсуството на фудбалери поради Африканскиот куп на нации.

Арсенал во четвртокот одигра куп натпревар против Ливерпул. Иако беа драстично ослабени, успеаја да одиграат 0:0.

Управниот одбор на Премиер лигата ќе се состане во сабота за да одлучи за барањето на Арсенал.