Во базата за подготовки на Вардар во Раденци, Словенија, денес официјално беше потпишан четиригодишен професионален договор со 20-годишниот аргентински дефанзивец, Мануел Куестас.
Куестас пристигна во клубот во јануари годинава и во изминатиот период се истакна со своите фудбалски способности, но и со својот карактер и посветеност, оставајќи силен впечаток кај стручниот штаб.
Аргентинецот Куестас ќе ја засили стоперската позиција во тимот.