Аргентина и Мексико водеа војна на терен, а на трибини се случи – историја!

Вечерашниот натпревар помеѓу репрезентациите на Аргентина и Мексико беше специфичен од повеќе сегменти.

Ова беше пресметка на две репрезентации на кои им требаа бодовите, а Аргентина со победа останува во игра за осминафинале.

Она што е извадено како официјален податок од овој натпревар, е посетеноста која руши рекорди во Катар.

Домаќинот потврди дека на оваа средба присуствувале 88.966 гледачи, што е најголема посетеност во Катар на Мундијалот, најголема посетеност на било кој друг натпревар на сите Светски првенства и втора најголема посетеност на еден стадион од финалето на СП во 1994 година, кога имало на стадионот 94,194 гледачи.