Арапите им нудат големи пари на Ѓоковиќ, Надал, Алкараз, Синер…

Новак Ѓоковиќ ја брани титулата на САД опен во Њујорк и сите мисли му се насочени кон веројатно најважната рабита за него до крајот на годината. Но пребогатите Арапи „се обидуваат“ да му го оттргнат вниманието. Не само на него, туку и на другите кандидати за титулата во Њујорк.

„Слемот на шест кралеви“ во Ријад е на програмата од 16 до 19 октомври, а на егзибицискиот турнир, покрај Новак ќе учествуваат Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Данил Медведев и Холгер Руне. Секој од нив ќе добие по 1.500.000 долари, само за доаѓање!

Уште поневеројатен е фактот што победникот ќе добие 6.000.000 долари, што е најголемата награда досега во светот на тенисот. За споредба, победникот на САД опен ќе добие 3,6 милиони долари.

Ѓоковиќ во кариерата, од турнирите, има заработено 184.265.269 долари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО