Италијански Наполи му понуди на Ромелу Лукаку пат за бегство од Челзи, пренесува „Скај Спортс“.
Лично, новиот тренер на Наполи, Антонио Конте, сака повторно да соработува со белгискиот интернационалец,откако двајцата заедно го освоија Скудетото во Интер.
Се верува дека Челзи сака околу 35 милиони фунти за својот напаѓач,
кој има уште две години од договорот со клубот од „Стемфорд Бриџ“.
Неговата преселба во Наполи, сепак, ќе зависи од иднината на голгетерот на тимот Виктор Осимен,а за Нигериецот има интерес од Саудиска Арабија и голем број клубови во Европа, вклучувајќи ги Пари Сен Жермен и Арсенал.