Поранешниот француски репрезентативец Тиери Анри изјави дека она што Килијан Мбапе го направил досега во кариерата е неверојатно и истакна дека фудбалерот на Пари Сен Жермен „дише“ фудбал и дека може да биде уште подобар.
Мбапе постигна 300 голови во кариерата побрзо од Кристијано Роналдо и Лионел Меси. До тоа достигнување дојде викендов, во убедливата победа на Франција против Гибралтар (14:0), на 24 години и 333 дена.
И Меси и Роналдо, двете најголеми фудбалски ѕвезди на 21 век, беа постари кога ја достигнаа таа бројка.
„Она што го прави ова дете е навистина надвор од овој свет. Едноставно е неверојатно“, изјави Анри, кој сега е задолжен да води нова генерација француски играчи како селектор на репрезентацијата до 21 година.
Порано во неговата кариера, Mбапе често беше споредуван со Хенри, бидејќи и двајцата поминаа низ сличен пат.
И Анри и Мбапе поминаа низ академијата Клерфонтен пред да играат за Монако со кој и двајцата ја освоија титулата во француското првенство. Потоа, Мбапе повтори уште едно од достигнувањата на Анри кога го освои Светското првенство во 2018 година на неговиот прв голем турнир со Франција. Анри успеа да го направи тоа во 1998 година.