Анкета на Марка извади брутални бројки: 0д 200.000 гласови, 80% од фановите на Реал го сакаат овој играч

Реал Мадрид повторно го врати Зидан во своите редови, а со тоа се вратија и големите очекувања на фановите.

По ужасниот период со Лопетеги а подоцна и со Сантијаго Солари, Перез мораше да направи клучен чекор и повторно да го повика спасителот Зидан.

Францускиот стратег се врати и веднаш на првиот меч забележа победа.

Но сега на Реал му претстои интензивно лето, веројатно со повеќе засилувања, бидејки наводно така му е ветено на Зидан, бланко чек за неколку квалитетни играчи.

Шпанскиот весник Марка деневиве направи анкета, од каде произлегоа јасни бројки што точно посакуваат фановите на Реал Мадрид.

Од 200.000 онлајн гласови, фановите на Реал посакуваат прв голем трансфер да биде Килиан Мбапе, со скоро 80%, додека на втората и трета позиција свое место имаат Еден Азар и Хари Кејн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЕФА го „удри“ Фенербахче – дали може овој момент да го стопира трансферот на Елмас во Наполи?

Последно инфо – што рече Лукаку за трансфер сагата со Интер

ВИДЕО: Само што почна финалето од Купот на нации во Африка – и гол!

Сите мислеа дека моментот со Роналдо бил клучен – но Де Лихт ја откри причината за трансферот во Јуве

Блесна на Копа Америка, а сега на интересен начин откри каде ќе ја продолжи кариерата

Веќе нема дилеми: По ова е јасно дека Икарди е блиску до Јувентус

Барселона го врати Валдес

И повеќе од заслужено: Мадрид му изрече казна од 250.000 евра на Рамос!

Управата на Барселона даде зелено светло: Ракитиќ и Кутињо на продажба