Англичаните го најавија трансферот на годината: Од Челзи во Манчестер Јунајтед

Челзи е подготвен да се прости од еден од своите најдобри играчи за да го донесе Деклан Рајс од Вест Хем.

Англиски Мирор пишува дека Н’Голо Канте е можно засилување за Манчестер Јунајтед. Францускиот репрезентативец се поврзуваше со Интер цело лето, но италијанскиот тим немаше доволно пари да го купи.

Сега со Јунајтед се поврзува поранешниот играч на Лестер и еден од најстандардните играчи на Челзи.

На „Олд Трафорд“ имаа план да го купат Јадон Санчо, но тој на крајот остана во Борусија Дортмунд, а сега одеднаш се појави гласина за доведување на играчот кој игра како последен играч во средниот ред.

Но, се поставува прашањето дали има смисла Јунајтед да потроши многу пари на Канте затоа што на тие позиции ги има Дони ван де Бек, Бруно Фернандез, Пол Погба, Немања Матиќ, Фред и Скот Мектомини.

Јасно е дека Канте е еден од најдобрите играчи од средниот ред и готов производ чие купување во никој случај нема да биде лоша инвестиција, но во овој момент.