Англичаните тврдат: Мурињо тргна по Хрватот – го сака по секоја цена на „Олд Трафорд“

3508

Од шпекулации никогаш доста, но како рекле постарите, каде има чад, таму има и оган. Па така можеме да ја окарактеризираме и најновата информација на англиските медиуми.

Како што се вели, екипата на Манчестер Јунајтед, по инсистирање на Жозе Мурињо започнала со првични преговори за ангажман на Марио Манџукиќ од редовите на Јувентус.

Хрватот јасно порачал на раководството на „старата дама“ дека сака да си замине од Торино, што многу веројатно ќе се случи. За Манџукиќ покрај од Јунајтед, интерес има и од Германија и од Кина.

Јувентус со продажба на својот голгетер сака да обезбеди дополнителни средства, со што би собрале помеѓу 80 до 100 милиона евра за купување на Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио.