Ангеловски смирува: Ништо не сме направиле со третото место – сега фокус на Косово

Вечерва со победа е заокруежн циклусот квалификации за ЕП 2020 година. Македонија славеше над Израел со 1-0, а со тоа стигна до историски најдобар пласман, на трето место.

Нашиот селектор, Игор Ангеловски по мечот на прес-конференцијата истакна дека третото место е добро, но со него ништо не правиме. Мора да се фокусираме на Косово.

„Уште пред стартот на квалификациите кажав дека Полска и Австрија се фаворити. Ние дојдовме до третото место кое покажа дека оваа репрезентација е најдобра. Се надевам дека наредните што ќе дојдат, ќе бидат втори. Ништо не сме направиле со третото место, сега мора да се фокусираме на дуелот со Косово“, изјави Ангеловски.

Како што е познато, билет на Еуро ќе бараме преку Косово и дуелот во март.