Ангеловски: Го познаваме Израел – Пандев: Само против една селекција потфрливме!

Македонија утре од 20:45 го пречекува Израел во последното квалификациско коло од групната фаза, а токму овој меч ќе решава за 3. позиција, која за нас досега не е остварена.

На денешната пресконференција пред новинарите, присутни беа капитенот Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски.

Тие дадоа свои анализи и видувања пред мечот, од кој истакнаа дека ќе бркаат победа за историско 3. место во квалификациите.

Со Израел игравме и претходните квалификации, ги знаеме нивниот тим и напаѓачите, доста се опасни во нападот, но секако и тие како и останатите, имаат свои слабости. Мотивирани сме да играме, се надеваме на полни трибини, па се надевам дека ќе вратиме за довербата како на претходните натпревари. Ова е меч за 3. место во групната фаза, иако не чувствуваме притисок за да го освоиме тоа, сепак одиме на победа“, истакна Ангеловски.

Пандев рече:

Сакаме со победа да ги завршиме квалификациите годинава, да го освоиме местото кое досега не сме го освоиме. Против Австрија потфрливме, додека на преостанатите натпревари бевме добри. Не успеавме да го постигнеме второто посакувано место кое директно води во ЕП. Подготвен сум за мечот со Израел, но се останува на селекторот дали ќе бидам избран во прв состав“.