Легендарниот фудбалер на Милан, Андриј Шевченко во иднина ќе работи како советник на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Во указите не е наведено точно каква улога ќе има, но на позицијата е од 26 септември. Официјалната верзија е дека тој ќе биде „специјален советник“, но наскоро ќе се знае какви ќе бидат неговите обврски.
Украина е во војна со Русија од февруари 2022 година и засега нема најави дека таа брзо ќе заврши. Андриј Шевченко е убедливо најдобар фудбалер во историјата на Украина, освојувач на Златната топка во 2004 година, а пет години беше селектор на репрезентацијата на оваа земја.