Андреј Јакимовски заслужено во најдобрата петорка на ЕП во Романија!

Младите кошаркари репрезентативци на Македонија до 18 години, не успеаја во своите намери да се пласираат во А дивизијата.

Тие во битка против репрезентацијата на Чешка за 3. позиција, беа поразени на Европското првенство во дивизијата Б во Романија.

Но како мала сатисфакција по поразот, еден од нашите поединци, талентираниот Андреј Јакимовски, заслужено се најде во најдобрата петорка.

Тој беше избран во најдобрите пет, во друштво уште со Дејвид Бом, Матеус Казовски, Густав Ларсон и Ноам Шимон Доврат.

Јакимовски на турнирот во Романија бележеше просек нешто над 18 поени по натпревар.