Андоновски повторно „удри“: Се форсираат играчи на Кире Лазаров – вечниот директор се заканува

Екс тренерот на Охрид, Горан Андоновски не му остана должен на селекторот Данило Брестовац. Откако предводникот на нашиотн национален тим  истакна:

„Точно е дека ме напаѓа еден поранешен ракометар затоа што син му не сум го викнал во репрезентацијата. Неговиот син е на поширокиот список, но сметам дека сега не е за составот.“, и Андоновски имаше што да му врати.

Горан по пат на социјалните мрежи меѓу другото истакна:

„Вечниoт директор на репрезентацијата на Македонија се заканува дека додека е тој директор ниеден младинец на Охрид нема да заигра за репрезентацијата“, а во продолжени и:

„Ги форсира нормално играчите на КЛ7 (клубот на Кире Лазарв), внуци, љубимци кои немаат никаква минутажа во Супер лига, а има еден кој воопшто не играше цела сезона.