Анчелоти среќен: Конечно ја пронајдовме позицијата за еден наш фудбалер

Фудбалерите на Реал Мадрид уверливо славеа во натпреварот против Мајорка со 6:1, а еден од јунаците на оваа средба, со хет-трик голови беше Марко Асенсио.

Одличната партија на шпанскиот фудбалер ја препозна Карло Анчелоти, кој меѓу редови призна дека конечно нашле позиција која му одговара на Асенсио.

Добро го отворивме натпреварот, бевме поагресивни, а тоа беше нешто за кое зборувавме претходно. Играчите кои често не настапуваа беа доста добро подготвени, а тоа е добар знак“.

„Асенсио добро се снаоѓа на позицијата на која беше ставен против Мајорка, помеѓу линииите. Тој тука може на противникот да му нанесе сериозни штети на противникот, одлично комбинира и има добар шут. Мислам дека конечно ја најдовме неговата позиција и среќен сум поради тоа“, истакна Анчелоти.

Следниот меч Реал Мадрид го игра во сабота против Вилјареал на „Сантијаго Бернабе“.