Анчелоти сака долго да остане во Реал

Карло Анчелоти, во вторникот, против Алавес (3:2) 300.пат во кариерата го предводеше Реал Мадрид.

Славниот 65-годишен тренер минатиот декември потпиша договор до крајот на сезоната 2025/26. Тој рече дека има намера да ја заврши кариерата во Реал, но тоа би можело да биде подоцна од очекуваното.

„АС“ тврди дека Анчелоти сака да остане и по 2026 година, под услов да му понудат нов договор. Тој не одреди точно кога ќе ја заврши кариерата, поради што му се отворени многу опции.

Шпанските медиуми објавија дека Реал има намера да го замени Анчелоти на клупата со Чаби Алонсо, но дека тренерот на Баер Леверкузен би можел да преземе друг клуб, доколку челниците на „кралскиот клуб“ не покажат решителност во намерата да го ангажираат.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО