Анчелоти откри дека одлуката на неговиот син била клучна за голот на Алаба

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, призна дека неговиот син Давиде, одлучил Давид Алаба да го изведе слободниот удар против Алмерија, каде падна гол со кој Реал победи.

Реал мораше да прави пресврт на ова гостување, во првото коло од новата сезона и токму на тој слободен удар, Реал ги обезбеди бодовите на ова гостување.

Тој неколку секунди пред слободниот удар, влезе во игра, заменувајки го Ферланд Менди, а доби инструкции од Давиде Анчелоти, кој е еден од тренерите во стручниот штаб на Реал Мадрид.

Хиерархијата кај слободните удари во зоната на шутот се знае, прво Бензема, а потоа Тони Крос. Меѓутоа, кога беше досуден ударот, Давиде одлучи дека Алаба треба да влезе на терен и да се обиде од слободниот удар. Не беше лесно да им се каже на Бензема и Крос дека нема тие да шутираат, но Алаба им ја пренесе пораката од Давиде, а тие го послушаа и тоа ни се исплати“, порача Анчелоти.