Пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите, Карло Анчелоти зборуваше околу тоа дали тие се гледаат како фаворит сезонава.
Реал изминатите години доминираше и освојуваше титули, но како за промена, сега не се гледаат како фаворити и го издвојува Манчестер Сити како јасен фаворит и сезонава.
„Ние ќе се бориме до самиот крај, ќе се бориме за финале, но не сметам дека секогаш сме фаворити во сезоните. Со оглед на тоа дека минатата сезона Манчестер Сити доминираше, реално е да се размислува дека тие и сезонава се благи фаворити за титулата“.
„Нашите главни цели? Прво да ја поминеме групата, па потоа во осминафинале, четвртфинале… па, ќе видиме. Ние сакаме да се натпреваруваме до самиот крај, до финалето“, порача италијанскиот стратег.
Инаку, Реал Мадрид е сместен во групата со Унион Берлин, кого утре го пречекуваат од 18:45 часот, против Наполи и против португалскиот клуб Брага.