Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не беше задоволен од играта на Лука Модриќ, како и на останатите првотимци на градското дерби со Атлетико. Избраниците на Диего Симеоне победија со 3:1, а Модриќ беше заменет на полувремето.
Според оценките тој беше еден од послабите играчи на теренот, а на крајот од првото полувреме заработи жолт картон поради приговор.
„Почнав со Модриќ затоа што сакав да имам што повеќе топка, а сакав и да го одморам Чуамени кој многу игра во последно време. Во дијамант или формација 4-1-2-1-2, Модриќ беше десетка, играч од средниот ред зад напаѓачот, а тандемот пред голот го сочинуваа Белингем и Родриго“, изјави Анчелоти.
Новинарите ги интересираше зошто го замени Модриќ на паузата.
„Затоа што Атлетико беше подобар од нас. Тие ни дадоа два гола рано, се бранеа подобро и имаа брза транзиција. Не сакам да го вперувам прстот кон никого и тоа да му го направам на Модриќ би било премногу, но тој играше лошо. Како и неговите соиграчи затоа на полувремето наместо Модриќ го внесов напаѓачот Хоселу за да бидеме поопасни понатаму“, додаде тој.
Реал Мадрид го зазема третото место на табелата во Ла Лига со 15 бодови.