Анчелоти ја смирува еуфоријата: Исто беше и во 2014 година, па остана без трофеј

Карло Анчелоти има голема шанса да ги комплетира сите трофеи со Реал откако во својот прв мандат триумфираше во Копа дел Реј, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.

Му остана само Ла Лига и шпанскиот Суперкуп и има шанса во 2022 година да дојде до нив. Реал има голема предност на врвот на табелата во првенството, игра најконстантно и во моментов не може да се забележи дека некој ќе му ја загрози титулата. Но, Анчелоти веќе се изгоре во сезоната 2014/15 и затоа сега дува и на јогурт.

Таа сезона, Реал играше фантастично, направи 22 победи во низа, триумф против Барса со 3-1 и до 17. коло доминираше во првенството. На 4 јануари 2015 година дојде гостувањето кај Валенсија по што се тргна надолу. Домаќините победија со 2-1, Реал триумфираше на следните пет меча, но потоа загуби од Атлетико со 0-4, па дојде киксот со Виљареал на домашен терен (1-1), поразот од Билбао и оној од Барса во Ел Класико (1-2) и „каталонците“ веќе го презедоа врвот. До крајот на сезоната, Реал освои 28 од можните 30 бода, но и тоа не беше доволно за титулата која ѝ припадна на Барса со само два бода разлика, а тимот тогаш предводен од Луис Енрике дојде и до тројната круна.

Сега каталонсиот клуб не е ни сенка од таа екипа и неа шанси да го загрози Реал од кој заостанува 16 бода, но Анчелоти се обидува да ја смири еуфоријата и без поголеми турбуленции да го помине вториот дел од сезоната.