Анчелоти е невиден цар: Пријатно изненади фан на Евертон кој е заразен од КОВИД19

Ангажманот на Карло Анчелоти во Евертон беше прифатено како воодушевување кај навивачите, со оглед на неговот искуство и низата трофеи кои ги има освоено во повеќето екипи каде менаџираше во минатото.

Освен што Евертон полека се подигна откако Анчелоти седна на столчето на „Гудисон Парк“, тој во деновите кога сите се во изолација, поради КОВИД19, се обиде да ги развесели навивачите на клубот.

Тој во слободното време реши да им посвети малку време и на „карамелите“ односно навивачите, односно да контактира еден од навивачите на клубот кој е заразен од КОВИД19.

Здраво Марк, како си? Карло е овде, знам дека си навивач на Евертон“, порача Анчелоти.

На тоа му возврати навивачот: „Здраво Карло, да јас сум навивач на клубот, добро сум, моментално гледам некоја содржина на Нетфликс, ако знаеш некое интересно шоу, би можел и тоа да го гледам“, му порачаа на Анчелоти.

Дел од разговорот може да го проследите на линкот подолу..