Анчелоти: Ако ги имате Модриќ и Крос, не можете да играте висок притисок

Карло Анчелоти може да биде презадоволен од досегашниот настап во вториот мандат на клупата на Реал Мадрид.

Тој е прв во Ла Лига, а ја освои и групата од Лигата на шампионите, а тоа беше причината Кориере дело спорт да разговара со него.

Успешниот тренер во разговор за познат италијански медиум зборуваше за стилот на игра кој го преферира, а за што подобро да ја објасни својата идеја ги наведе примерите на Лука Модриќ и Тони Крос.

“Победите и титулите се резултат на проценките на тренерот. Секако, кога играте добро, полесно е да постигнете резултати. Уживам во победата. Сепак, не се пронаоѓам во ниту една поткатегорија.

Добар тренер е оној кој ја прилагодува играта на карактеристиките на играчот.Ако ги имам Модриќ и Кроса не можам да играм висок пресинг.Би бил идиот ако со напаѓач како Винисиус кој има скутер под нозете не би се стремел кон контранапади.

Ќе ви кажам еден пример.Ако го имам Роналдо ќе барам начин да му ја донесам топката што почесто.Нема да барам да слезе по неа.Така е и со Ибрахимовиќ.Има двајца типови на играчи – оние кои прават разлика и оние кои треба да трчаат. Мислам дека Конте го кажа тоа, а ако не, не е важно. саризам …. Мојот потпис е идентитетот на тимот. – изјави Анчелоти.