Анализа на Хјуит: Во Париз само Надал можеше да го победи Ѓоковиќ, а на Вимблдон..

Некогашниот австралиски тенисер, Лејтон Хјуит, ги анализираше шансите на Новак Ѓоковиќ на претстојниот Вимблдон.

Тој смета дека српскиот тенисер со оглед на историјатот во Лондон, може да биде прв фаворит пред конкуренцијата.

Јасно е дека Новак имаше тешка година, но ако го гледаме неговиот учинок на Вимблдон и неговиот стил на игра, тогаш тој треба да биде прв фаворит“.

„Мислам дека ќе го предизвикаат некои нови момци. На Ролан Гарос само Надал можеше да го победи, но на останатите турнири, Ѓоковиќ може да биде предизвикан од некој помлад тенисер кој допрва се пробива“, порача Хјуит.