Ефес е добар, ЦСКА е најдобра!

Екипата на ЦСКА Москва е нов европски шампион откако во финалето од Евролигата го победи Анадолу Ефес со 91:83.

Исклучитечно ефикасниот натпревар беше решен во последната четвртина иако ЦСКА постојано беше во водство. Турците не се предадоа, играат пожртвувано до крајот, но најмногу што успеаја е да поведат со 45:44 на почетокот од третата четвртина.

Оваа ЦСКА има премногу искусни кошаркари, брзо се созеде од шокот, ја врати доминацијата и веќе на средина од четвртината дојде до +14 (54:68). Ефес во последните десет минути се доближи на -4 во три наврати, но ниеднаш поблиску од тоа.

Вил Клајбурн и Кори Хигинс беа најефикасни во ЦСКА со по 20 поени, кај Анадолу Ефес, Шејн Ларкин постигна 29. За рускиот тим ова е осма титула во Евролигата, повеќе има само Реал Мадрид – 10.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвена Звезда го победи Партизан за 2:1 – „црвено-белите“ на чекор од титула

Томпсон на долга рехабилитација – што сега со неговиот договор во Голден Стејт?

Зад новиот НБА шампион стои Македонец

МВП на финалето од НБА со тажна животна приказна

Торонто испиша историја – нов НБА шампион

Титулата се врати во Аеродром: МЗТ му удри „метла“ на Работнички за седми трофеј во историјата

Баркли посочи со прст кон виновникот за повредата на Кеј-Ди

ВИДЕО: Драмата во Пионир резултираше со тројка на Партизан: Раде Загорац како Кецман!

Нено Димитријевиќ сепак се повлече од НБА драфтот во кој требаше да учествува