Ана Цветановска за историја – прва Македонка со бодови во Светскиот куп

За прв пат во историјата на ски спортови во Македонија, нашата претставничка Ана Цветановска освои бодови на Светскиот куп кој се одржа на 17 и 18 декември во Давос, Швајцарија.

Младата македонска крос кантри скијачка Ана Цветановска на натпреварувањето на Светскиот куп во две дисциплини освои 18 бодови, со што ја издигна Македонија на 22 место на светската ранг листа.

Ова се први освоени бодови на македонски натпреварувач на Светски куп.

Покрај Ана, учествуваше и Ставре Јада кој исто така постигна одлични резултати.