АМС и ССФМ ги прогласија најдобрите за 2019: Одбојкарите, Ѓорѓиев, РФМ, Стоилов…

Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации ги прогласија најдобрите за 2019-та година.

Две награди му припаднаа на одбојкарскиот спорт. Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, доби награда за посебни заслуги во спортот за 2019-та, а одбојкарската репрезентација е прогласена за најуспешен машки национален тим. Во женска конкуренција тоа беа ракометарките.

Ракометарот на Вардар и македонската репрезентација Стојанче Стоилов е прогласен за спортист на годината во изборот на Агенцијата за Млади и Спорт (АМС).

За најдобра спортистка избрана е каратистката Пуликсенија Јовановска, која го заврши ЕП во Гвадалахара на петтото место во категорија кати.

Ракометната федерација на Македонија е прогласена за најуспешна федерација за изминатата 2019 година. Сашко Арсовски е најдобар селектор. Бесир Алили во борење е најдобар млад спортис, а најдобра млада спортиска е прогласена Миа Тодорова од кик-бокс.