Агенцијата за Млади и Спорт вечерва ги прогласи најдобрите спортисти во нашата земја за 2020 година.
На традиционалната манифестација очекувано доминираа фудбалерите, а тоа е и сосема очекувано со оглед на пласманот на Европското првенство ова лето.
Фудбалерите, предводени од капитенот Пандев, успеаја да слават против Грузија во Тбилиси и со тоа да се изборат за историски пласман на едно големо фудбалско натпреварување.
Токму Горан Пандев е избран за најдобар спортист на Македонија за 2020 година, а наградата од рацете на премиерот Заев ја прими неговиот брат Сашко Пандев. За најдобра репрезентација е избрана фудбалската, за најдобар селектор е избран Игор Ангеловски, а АМС за најдобра федерација на избра ФФМ, со која во последен период имаше големи несогласувања, но пред фактите и боговите молчат.
За најдобра спортистка во Македонија е избрана каратистката Вероника Костова, а нејзината колешка Магдалена Божиновска е најдобра млада спортистка. Уште еден каратист се закити со награда, а тоа е Роберто Ацковски, официјално најдобриот млад спортист во Македонија за 2020. Најдобар спортист со инвалидитет е Владимир Тркаљанов (шах).