Амрабат со искрено признание по неговиот прв настап за Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед синоќа оствари сигурна победа во рамки на Карабао лига купот против Кристал Палас со 3:0 и се пласираа во следната рунда од натпреварувањето.

На овој натпревар, Софијан Амрабат го имаше својот прв настап за „црвените ѓаволи“ откако беше ангажиран на последниот ден од трансфер периодот, па по натпреварот изнесе едно признание. Тој имаше сосема друга улога на синоќешниот натпревар во однос на тоа на која позиција игра, но самиот играч најави дека не му е проблем да му помогне на тимот од било која позиција на терен.

Мароканскиот фудбалер во Јунајтед дојде како позајмен фудбалер, а самиот признава дека поради повредата која ја заработил во август и поради тоа што подоцна се приклучил на тимот од Манчестер, се уште не е на врвно ниво.

Играм на секоја позиција од каде можам директно да помогнам на тимот, па дури и на голманите. Јас играм за грбот на клубот во кој настапува. Не сум во најдобра форма во моментов, но верувам дека тоа е нормално, бидејки немав пред сезона со Манчестер Јунајтед и поради повредата која ја имав. Доколку играм редовно, ќе го достигнам својот максимум и нивото на кое сум навикнат да играм“, порача играчот за врска.

Неговото доаѓање во Манчестер оваа сезона, треба да му помогне или овозможи на Касемиро да биде поактивен во офанзивната, со што Јунајтед би бил далеку поефикасен на терените.