Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим дебитира на клупата на Манчестер Јунајтед против Ипсвич.
-Jас сум малку сонувач, но верувам во себе и во клубот – имаме ист менталитет. Разбирам дека навистина не верувате во овие играчи, но јас искрено верувам во нив. Сакам да пробам нови работи можеби не мислите дека е можно, но јас сум убеден во тоа, изјави Аморим.
Брилијантно го предводеше Спортинг од Лисабон, а Јунајтед се најде на 13. место во Премиер лигата со 15 бода од 11 натпревари.