Романската гимнастичарка Ана Барбосу ќе мора да почека на бронзениот медал што го освои со настапот на партер на Олимписките игри (ОИ) во Париз, а прашање е дали воопшто ќе го добие бидејќи целиот случај може да заврши на суд!
Американската гимнастичка федерација одбива да го врати медалот со кој Џордан Чајлс се врати од Париз. Бизарниот скандал изби веднаш по натпреварот на кој Чајлс го освои петтото место, но нејзината тренерка поднесе жалба со тврдење дека не била правилно оценета.
По таа жалба Чајлс доби дополнителни 0,1 поен со што се искачи на третото место, а романската гимнастичарка остана без медал.
Но, потоа беа утврдени неправилности, а тоа е дека жалбата на селекторот на Чајл е поднесена четири секунди надвор од рокот од една минута, поради што е одлучено медалот сепак да и припадне на Романката.
Оваа одлука не го промени ставот на Американската гимнастичка федерација, која најавува дека правдата ќе се бара и на суд доколку има потреба.
– Бевме информирани за одлуката и длабоко сме разочарани. Ќе продолжиме да се бориме на секој можен начин Џордан да го добие медалот, се наведува во соопштението.
Џордан Чајлс освои златен медал во екипна конкуренција на ОИ во Париз.