Алушовски: Против Спортинг со најсилната екипа, па да ги изненадиме!

Еурофарм Работник за прв пат во своето постоење, ќе одигра прв меч во ЛШ, тие в недела го пречекуваат силниот Спортинг од Лисабон.

Тренерот на „фармацевтите“, Стевчо Алушовски, заедно со капитенот на ти мот, Гоце Ојлески, ги дадоа своите видувања и очекувања.

Минатата сезона со организацијата на групната фаза на Лигата на шампионите, клубот ги положи сите тестови со највисоки оценки, верувам дека така ќе биде и сега„.

„Ќе играме на стартот со најсилната екипа во групата, па потоа следат две гостувања. Го анализиравме Спортинг, играа четири официјални натпревари и забележаа четири победи. Ќе се обидеме да најдеме игра за нив и да ги изненадиме. Радосен сум што се врати Остроушко. Штета што доаѓа без натпреварувачки ритам, но сигурно ќе го користиме во текот на сезоната, а и очекувам да добие шанса уште в недела“.

Свое видување даде и Ојлески:

Голема чест е што сме дел од Лигата на шампионите и што се натрпеваруваме со најдобрите во Европа. Спортинг е фаворит, не само на овој натпревар, туку и во групата, но кај нас владее позитивна енергија, добро сме подготвени и можеме да го изненадиме Спортинг“.

ФОТО: Еурофарм Работник.