Алушовски: Повторно истото, премногу технички грешки и глупи исклучувања

Вардар пропушти зрела шанса да оствари втора победа сезоната во ЛШ, против Елверум

По натпреварот, тренерот на Вардар, Стевче Алушовски потенцира дека не е задоволен од прикажаното:

„После секој натпревар доаѓаме на истото, дека многу промашивме, но што е тука е. Знаевме дека за противник ќе имаме тим со добра транзиција и многу трчање, требаше да ги спречиме во тоа, но не го направивме добро тоа, примивме 21 гол за едно полувреме од нив“.

„Во второто полувреме благодарение на одбраните на Кизиќ, успеавме да направиме разлика, но имавме повторно премногу технички грешки и глупави исклучувања. Немавме решение за нивната игра 5-1, нашите бекови беа престатични“.

„Честитки до Елверум за освоениот бод вечерва, се надевам дека во следниот меч против нив ќе играме подобро“, истакна Алушовски.