Алушовски: Немавме решение вечерва за Душебаев, се што промашивме, Кјелце знаеше да казни

Вардар беше поразен од Кјелце вечерва во Скопје со резултат 33:29, а тренерот на Вардар го изнесе својот став по натпреварот.

Им честитам на екипата на Кјелце за врвната партија вечерва, се она што ние погрешивме во напад, тие го казнија. Ние во првото полувреме имавме проблем во напад, имавме негатива од 3 разлика на полувреме. Во вториот дел се вративме, но Кјелце ги искористи и казни нашите грешки. Подобриот тим на крајот победи. Немавме решение за ние, за Алекс Дујшебаев“.

„Но сакам да им честитам и на моите момци на залагањето, мора да гледаме напред, да се трудиме и да бидеме подобри и уште еднаш да им посакам среќа на победничката екипа и многу успех во наредните натпревари“, истакна тренерот Стевче Алушовски.