Алушовски: Не се плашиме од никого!

Како што е познато по денешната ждрепка за ЕХФ Лига на шампиони за 2020/2021 сезона нашиот Вардар 1961 се најде во групата А.

За ривали ги доби екипите на: ПСЖ, Кјелце, Порто, ПИК Сегед, Мешков Брест, Елверум и Флензбург.

Со прв коментар по дознавањето на ривалите се огласи и тренерот на „црвено-црните“, Стевче Алушовски кој истакна:

„Добивме исклучитечно тешка група каде нема лесен противник. Секој може секого да победи. Можеби ПСЖ е некој фаворит, но сите други се со исти шанси. Нема лесен меч, ќе одиме чекор по чекор. За нас првиот план е пласман во Топ-8 екипи. Ќе се потрудиме да го оствариме тоа. Не сме екипа што ќе потцениме некого ниту пак ќе прецениме. Сега ќе следува анализа. Треба да се работи. Треба да го видиме планот кога почнуваме и со кого. Не се плашиме од никого“.