Алушевски: На крајот немавме среќа, Порто можеби и заслужи бод

По доста неизвесен меч со Порто, Вардар на крајот прими гол во последните моменти од средбата и освои само бод против гостинската екипа.

Тоа можеше да биде и победа, но можеше да биде и пораз, вака по еден бод на двете страни.

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, го даде својот суд по мечот на пресконференцијата:

Им честитам на Порто на добриот меч, она што го кажав и пред натпреварот е дека ќе биде многу тешко, што и се оствари на мечот. На крајот примивме гол, Порто можеби и заслужи бод. Во играта добро не затворија во мечот, на крајот немавме среќа, имавме проблеми со играта во нападот, сепак, честитки и до моите момци кои се вратија од голема негатива и загубен меч, па освоија важен бод за нас“, истакна Стевче Алушевски.