Возачот на шпанскиот тим Астон Мартин, Фернандо Алонсо денеска изјави дека верува дека може да ја освои шампионската титула во Формула 1 оваа сезона, пренесува ,,Скај спорт”
Алонсо оваа сезона четири пати завршуваше трет, а еднаш го освои четвртото место. Тој во моментов е трет во генералниот пласман со 75 поени зад возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Серхио Перез.
Возачот на Астон Мартин истакна дека може да победи оваа сезона.
– Се чини дека имаме болид кој можеби не е најбрз на патеките. Мора да го поправиме тоа, но ние сме многу добри во свиоците.
Па би рекол најбавните патеки во првенството се наша шанса, да речеме Монако, Будимпешта, Сингапур. Мислам дека имаме најголеми надежи на ваков тип на патека во моментов – изјави Алонсо