Алонсо нема дилеми за тоа кој е подобар меѓу Хамилтон и Шумахер

Луис Хамилтон е на добар пат да дојде до седмата титула во Формула 1 и со тоа да го стигне легендарниот Михаел Шумахер.

Паралела меѓу Хамилтон и Шумахер направи и Фернандо Алонсо, двократниот првак на светот како возач на Рено.

„Постојат различни времиња и болидите се со различни нивоа на перформанси. Но, се сеќавам на Шумахер како на возач кого е тешко да се победи, со најдобрите таленти. Го имаше тоа нешто…“, изјави Шпанецот.

„Луис е многу добар и најдобар на својата генерација, но не освои титула додека беше тимски колега со Џенсон Батон во Мекларен. Во Мерцедес Нико Розберг исто така освои титула“, додаде тој.

„Михаел никогаш ги немаше тие работи, секогаш победуваше. За мене Михаел е чекор пред Хамилтон“, додаде Алонсо.

Инаку, Хамилтон заостанува една победа зад Шумахер кој во текот на кариерата успеа да слави на 91 трка. Британецот ќе има нова шанса да го стигне Германецот на патеката во Нирбургринг.