Алонсо најави враќање во Формула 1

Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо наскоро би можеле повторно да го гледаме во болид од Формула 1.

Алонсо најави враќање во најбрзиот циркус на светот во 2021. година кога во Формула 1 ќе се случат големи промени бидејќи тогаш на сила стапува и новиот правилник.

„2021. секогаш била создадена за мое враќање во Формула 1. 2020. не, бидејќи правилата остануваат исти. Причините поради кои си заминав во 2018. година се се уште исти“, изјави Алонсо.

„Во последната трка на болидот напишавме „Хаста Луего“, а не „Адиос“. Планот отсекогаш беше да се вратам во 2021. година“, додаде Шпанецт.

Алонсо последниот ангажман во Формула 1 го имаше во Мекларен Хонда, пред тоа возеше за Ферари, Мекларен Мерцедес, Рено и Минарди. Во 2020. година ќе биде фокусиран на Дакар и Инди 500.