Алонсо кажа збогум на Формула 1, еве како Хамилтон и Фетел се простија од некогашниот шампион

Шпанецот денеска ја извозе својата последна трка, Хамилтон со победа ја затвори шампионската сезона.

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон изјави по денешната победа на Големата награда на Абу Даби дека му била чест што сите овие години се бореше за титулата со Себастијан Фетел од Ферари и и се заблагодари на својата екипа за одличната сезона, во која беа освоени титулите во конкуренција на возачи и конструктори.

„Пресреќен сум, им благодарам на сите за поддршката во текот на целата година. Ми беше чест и привилегија да се тркам против Себастијан. Го познавам уште од помладите денови, од Формула 3, тој е возач кој секогаш давал се од себе. Многу притисок има и не го судете на основа на грешките. Знам дека следната година ќе се врати посилен“, изјави Хамилтон по трката.

Хамилтон победи во Абу Даби, во последната трка од годинешниот шампионат. Ја оствари својата 73. победа во кариерата, а вкупно 11-та оваа сезона. Тој оваа сезона ја освои петтата шампионска титула, а Мерцедес ја одбрани титулата во конкуренција на конструктори.

Во тркат во Абу Даби од Формула 1 се прости двократниот светски првак Фернандо Алонсо.

„Фернандо е вистинска легенда. Привилегирани сме што се тркавме со него. Во текот на целиот викенд ме прашуваа дали ќе ми недостасува. Не мислам дека може да ми недостасува некој друг возач, но ќе му недостасува на спортот и мене ќе ми недостасува во овој спорт“, изјави Хамилтон.

Второто место го освои Фетел, кој изјави дека Хамилтон заслужено ја освоил титулата.

„Тој е шампион и заслужи да биде шампион. Ова беше тешка година. Се обидував се до последниот круг, а тој константно ја контролираше трката. Повеќе би сакал тесно да се боревме за победата. Ќе се обидеме да им бидеме конкурентни следната година. Секоја чест за Фернандо, ни недостасуваше и ќе ни недостасува“, изјави Фетел.

Хамилтон и Фетел направија „почесна гарда“ за Алонсо, а потоа сите тројца правеа кругови на патеката.

Ми беше задоволство што се тркав со овие шампиони. Се чувствувам привилегирано. Им благодарам на сите во Формула 1. Секогаш ќе бидам фан на овој спорт“, изјави Алонсо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Солзи и неверување – замина легендарниот Ники Лауда!

ВИДЕО: Доминацијата на Маркез продолжува – победи во Ле Ман и имаше комичен танц!

ФОТО: Трагедија за Макс Бјаџи – го загуби својот татко и ја објави последната фотографија

(ВИДЕО) Страшни слики од САД: Фернандо Алонсо со полна брзина се заби во ѕид

ВИДЕО: Болно до срж – момче кое полека умира, доби неочекуван подарок од Хамилтон

(ФОТО) Иџе го покажа новиот дизајн на своите автомобили – помоќни од било кога

(ВИДЕО) Уште сега предизвикува морници: Излегоа првите снимки од документарецот за Шумахер

Ферари е далеку од Мерцедес – Ботас прв, Хамилтон втор во Каталонија

ВИДЕО: Мекларен направи неверојатен превид – го прекрстија својот возач