Алонсо ги збудале Ф1 фановите со претекнувањето на Хамилтон: Неверојатно, никој не го прави тоа!

Двојниот светски шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, ја отвори сезоната во болидот на Ред Бул со победата на Големата награда на Бахреин. Многумина беа повеќе воодушевени од Фернандо Алонсо, кој стигна до третото место и 99. подиум во кариерата, а со еден потег во трката ги збудале фановите и коментаторите.

Алонсо го изведе тој потег во 38-от круг од трката, во свиокот број 10, оној во кој „такви работи не се прават“, како што истакнуваат навивачите. „Апсолутно брилијантно“, беше реакцијата на коментаторот на трката откако го престигна Луис Хамилтон, а на Алонсо на претекнувањето по трката му честиташе и самиот седумкратен шампион.

„Не бевме особено брзи на трката. Нормално, можете да претекнувате во првата и четвртата кривина, но морав да го претекнам Луис во десеттата и Карлос Саинц во единаесеттата. Ова не се места каде што го правите тоа, но можевме на рамните делови на патеката да бидеме брзи како нив“, рече Алонсо по трката.