На турнирот од серијата 500во Пекинг, главен фаворит за титулата ќе биде Карлос Алкараз, пред се поради тоа што Новак Ѓоковиќ реши да го прескокне овој турнир.
Шпанецот помалку срамежливо признава дека сака повторно да биде број1 и да го сруши од престолот неговиот колега од Србија.
„Се разбира дека тоа ми е големат ацел, како што реков неколкупати, јас и тој имаме одлична битка за местото број1, посебно по неговото издание на американската турнеја“.
„Новак во моментот е број1, така да овде во Пекинг дојдов со посебна мотивација да го стигнам на АТП листата. Тоа ми е во глава секогаш кога тренирам, не е обавезно да се вратам на првото место, но морам да се потрудам за да бидам задоволен. Одам чекор по чекор кон големата цел“, порача Карлос Алкараз.
Шпанецот игра се подобар тенис и се почесто луѓето кои следат тенис, го гледат како предводник на идната генерација тенисери која доаѓа.