Алкараз уверен: Подготвен сум за освојување на гренд слем трофеј!

По убедливиот вовед оваа година, младиот Карлос Алкараз тврди дека е подготвен да освои еден голем гренд слем турнир.

Се разбира тие зборови треба допрва да ги оправда, бидејки ќе мора многу да работи за да освои една гренд слем титула за која ќе има многу фаворити, прво на Ролан Гарос, а подоцна и на Вимблдон.

Не се плашам да кажам дека сум подготвен да освојам гренд слем турнир. Физички се чувствувам доста силно, ментално уште посилен. Имам доволно сила, а тоа се елементите кои ви се потребни за да освоите еден голем турнир“.

„Чувствувам дека имам високо ниво на самодоверба, кое го подигнав со победите над неколку високо рангирани тенисери. Има многу работи што можете да ми ги кажете, но јас сум подготвен за големи работи“, порача Карлос Алкараз.

Како шестопласиран на АТП листата, јасно е веќе дека се наметнува како иден шампион. Според сите најави, тој на Ролан Гарос, може да налета на Надал во четвртфиналето или на Ѓоковиќ во полуфинале, но се ќе зависи од ждребот кој ќе се оддржи утре од 18:45.