Вториот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, од првото место во „црвената група“ се пласираше во полуфиналето на Завршниот Мастерс во Торино, бидејќи во третото коло го победи Русинот Данило Медведев со 2:0, во сетови беше 6:4, 6:4.
Медведев веќе беше во полуфиналето и пред овој меч му требаше еден сет за првото место, но не успеа.
Тоа значи дека утре во полуфиналето ќе се сретнат Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ, односно Јаник Синер и Данил Медведев.
Вечерашниот дуел во „црвената група“ меѓу Александар Зверев и Андреј Рубљев нема да има натпреварувачко значење. Ако победи Зверев ќе има скор 2-1 како Алкараз и Медведев, но во тој случај би го имал најслабиот сет-количник во колото и јасно е дека не може понатаму.