Алкараз му порача на Надал: Сите сме тажни

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал најави дека сезоната за него практично е завршена, а порака по тој повод му испрати сонародникот Карлос Алкараз.

Младиот Шпанец на Твитер напиша дека целосно го поддржува Рафа и дека е многу тажен што нема да биде на Ролан Гарос, турнирот кој „кралот на земјата“ го освоил неверојатни 14 пати.

„Целосна поддршка, Рафа! Сите се тажни што нема да бидете на Ролан Гарос и да играте повеќе до крајот на годината, но сакам да имате одлична сезона во 2024 година и да се збогувате како голем шампион, што навистина се!”; напиша Алкараз.

За овој млад тенисер се предвидува дека во иднина би можел да има слична, ако не и поуспешна кариера од неговиот идол.