Aлкараз ќе удри на Ѓоковиќ: Ќе играм против најдобриот, ќе се обидам да дадам се од себе

Шпанецот Карлос Алкараз, успеа да се пласира во полуфиналето од завршниот мастерс турнир во Торино.

Тенисерот од Мурсија, во четвртфиналниот меч беше подобар од Данил Медведев во два сета со 6:4, 6:4 и си закажа спектакуларен дуел против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.

Мечот траеше час и дваесет минути, а се стекнува чувство дека ова за Алкараз беше еден вид загревање за она што следува.

Ова е еден од најдобрите турнири во нашиот спорт. Атмосферата овде е неверојатна. Ќе уживам во дуелот со Новак Ѓоковиќ и ќе се обидам да дадам се од себе.

Дуелот помеѓу Алкараз и Ѓоковиќ е утре на програмата од 21 часот.